👁️  2175

Дури и оние кои не се редовни гледачи на утринската на Канал 5 телевизија, знаат да се задржат на каналот кога се емитува, а за тоа е заслужна нашата позната водителка Милена Антовска- Станковска.

Милена од неодамна на задоволство на своите верни гледачи се врати пред камерите на наботка позиција, откако и заврши деветмесечнот породилно отсуство.

За секоја емисија таа избира впечатливи и провокативни стајлинзи, кои не остануваат незабележани и коментирани.

Милена периодов е „навлечена“ на мини здолништа во разни бои и дезени, кои за неа се полн погодок, а и не греши во истото бидејќи совршено прилегаат на нејзината фигура.

Милена добро знае кој е вистинскиот модел на минич кој совршено стои на неа, па тешко кој би кажал негативен коментар за нејзиниот избор.

Бог ја дарил со таква маркантност што ретко кое око не би било љубопитно да и „фрли“ барем еден поглед, кој пак сигурно ќе се задржи подолго.

Кога жената е полна со самодоверба, тогаш тоа е евидентно – баш како кај Милена, која секојдневно плени со својата харизма и атрактивна појава, пред камерите, непосредно, но и на социјалните мрежи.

Секоја фотографија на Антовска е празник за очи ама последните се најмногу во знакот на сексапилот, заводливоста, провокацијата…

Нема маж кој не сака да гледа убава жена, а нема ниту жена која не сака да има вакви нозе за насловна страница.