👁️  488

Најголемата поддршка на Александар Митровиќ дефинитивно е неговата сопруга Кристина Митровиќ која несомнено беше страстена навивачка и на вчерашниот меч на српската репрезентација против Бразил.

Нејзината последна фотографија буквално ги „размрда“ социјалните мрежи, а стегната во пантолани, црно сако и розови високи потпетици уште еднаш докажа дека се разбира во модата.

Во истата нијанса и беа и нејзиниот шешир на главата како и чантата, по што позитивните коментари само се нижеа.

Во меѓувреме српските медиуми се присетија на атрактивната Кристина и нејзините жешки фотографии од ова лето каде позира во бикини.