👁️  376

Сузана Гавазова никогаш не мирува. По дома вредна домаќинка, а професионално комплетно предана на музиката и настапите пред македонската публика и онаа во дијаспора.

Кариерата никогаш не смее да трпи и за тоа мора да се има енергија и да се биде посветен и постојан, а Сузе како искусна тоа многу добро го знае.

Публиката секогаш сака да слушене и види нешто ново, па за да не досади, таа не остава да биде без нова, поинаква, со ново видео или фотка каде е од секси посекси, како и овој пат.

И токму кога помисливме дека можеби сме виделе се’ што може да понуди од својот провокативен репертоар, таа ги остави следбениците на социјалните мрежи со подзината уста и тоа на прв поглед. Најпрвин со видео поздрав од нејзиниот летен одмор за старт на сезоната, позирајќи на балкон во минијатурното црно танга бикини кое совршено ја нагласи нејзината расна фигура.

И тоа не беше доста, па плакнењето очи за посилниот пол продолжи со Сузето во стајлиг премна за настап кој пука на неа. Во фокус и тоа во крупен кадар бујните гради стицнати во градникот под црниот топ од тантела.

За оние што знаат дека нема да видат нешто монотоно и исто по социјалните мрежи, тука секогаш е Сузе, особено кога е вака топло и инспиративно за покажување повеќе гола кожа.