👁️  2497

Звукот на силна детонација проследена со чад ги разбуди жителите на населбата Трнско во Нов Загреб околу 6 часот и 30 минути. Пожарникарите набрзо пристигнале да интервенираат и го локализирале пожарот. Спасиле еден маж, но во станот пронашле и тело, јавуваат утрово хрватските медиуми.

Звукот на силна детонација утрово ги разбудил жителите на зградата во населбата Трнско во Нов Загреб, а потоа и чадот кој се проширил кон становите нагоре, за што ја алармирале противпожарната служба. Околу 6 часот и 30 минути добиле пријава од граѓани дека од еден од долните катови кон четвртиот кат излегува чад.

Веднаш штом пристигнале на интервенција, 14 од нив со три возила, констатирале дека има пожар на првиот кат. Тие набрзо го локализирале пожарот во зградата и извлекле еден маж од третиот кат и го предале на Итната помош.

Но, во станот ги дочекала трагична глетка, каде пронашле и починат маж. Се очекува истрагата да следи во текот на денот, кога полицијата ќе има повеќе детали.