👁️  2931

Познатиот македонски јутубер Стефан Лазаров на многу интересен начин ја запроси својата девојка.

Речиси ниту една девојка не сонува да биде за просена на фудбалски натпревар! Но, Стефан Лазаров не мисли така. Имено тој е голем фан на фудбалскиот клуб Барселона која во моментов игра натревар против Елче на „Камп Ноу“.

Токму на овој стадион јутуберот Стефан Лазаров реши да го заврши ергенскиот живот.

Марта, неговата долгогодишна девојка која е чест гостин во неговите видеа на јутјуб, а мора да признаеме дека кога таа е во неговите видеа, видеата се многу гледани, отколку кога Стефан е сам,( мала шега на сметка на Лазаров).

Според видеата кој Стефан ги објавува во мометов, може да забележиме дека тој и Марта се многу возбудени, а Стефан е уште повозбуден бидејќи за прв пат во животот го гледа својот омилен клуб во живо.

Честитки до Стефан и Марта!!!