👁️  208

Денес во хотел Премиер се одржа петтиот модул од политичката академија во Битола по иницијатива и организација на претседателот на УМС ВМРО-ДПМНЕ Битола, Мартин Ивановски со назив „Политика за млади“.

Предавач на овој модул беше пратеникот од Собранието на Република Македонија, Јован Јаулески. Младите треба што повеќе да бидат вклучени во општеството, да се фокусираат и борат за подобра иднина за секој граѓанин во државата.

Како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола, ги повикуваме младите што повеќе да се активираат во политиката, да се едуцираат и надоградуваат, бидејќи Република Македонија секогаш ќе има потреба од квалитетни, чесни, посветени млади кадри кој ќе се борат за квалитетен начин на живеење за секој граѓанин.