Македонската одбојкарска репрезентација одбројува до настапот на Европкото првенство. За дополнителна подготовка за Европското првенство во Скопје, одбојкарите ќе го искористат интерконтиненталниот карактер на турнирот „Чајка“ кој ќе се одржи од петок до недела во салата “Борис Трајковски”.
Од 30-ти август до 6-ти септември во арената „Борис Трајковски“ вп Скопје, македонските одбојкари ќе играат за прво осминафинале во третото учество на европските првенства едноподруго. Противници на нашите одбојкари ќе бидат Данска, Црна Гора, Полска, Холандија и Чешка.
Вчера, одбојкарската федерација го презентираше пехарот на 33-от Европски шампионат, трет со наше учество, но прв дома.
Воедно претставени беа и дресовите со кои македонските одбојкари ќе настапуваат на континенталниот собир.
Македонските одбојкари ја очекуваат поддршката од навивачите од трибите. Затоа навивајте за Македонија и купете билети https://www.cts.eventim.si/en/artist/cev/?affiliate=V82 и во продажните места на МК Тикетс.
Европското првенство, на кое Скопје е коорганизатор, ќе се емитува и на програмата на МРТ во периодот од 28-ми август до 16-ти септември.