👁️  1699

Kуфер полн со кокаин случајно паднал од авион на соларни панели на куќа на островот Сардинија во Италија.

Четири месеци по инцидентот, полицијата успеала да го идентификува пилотот кој го извршил овој неуспешен маневар и да го уапси овој вторник.

– Дожд од кокаин паѓа на Сардинија, пишуваат италијанските медиуми за настанот од крајот на март годинава, пренесува The Guardian.

Куферот полн со 8,5 килограми кокаин требало да слета во рацете на дилер во малото гратче Баратили Сан Пјетро, но тој случајно се нашол во дворот на една куќа и скршил соларна плоча.

– Слушнавме силен удар и веднаш повикавме полиција која го најде овој куфер полн со кокаин, изјавија сопствениците на куќата во март, а доколку кокаинот паднеше во „вистински раце“, неговата вредност на пазарот ќе беше околу девет милиони евра.

Полицијата откри дека авионот полетал од Рим и исчезнал од радарот за 20 минути – токму во моментот кога тој правел кругови над градот за да ја фрли пратката.

Со помош на надзорни камери и сведоци, откриено е дека пилотот е 28-годишниот Франческо Рицо од Рим, кој со авион ги превезувал богаташите, а по враќањето од Германија бил уапсен во пристаништето Каљари Елмас.