Реакција на претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски по тешката хаврија во РЕК Битола.
-Шампионите на СДС и ДУИ во енергетиката!
По тешката хаварија на БЛОК 3 во која е уништен поголем дел од Котелот на БЛОК 3, утрово испадна и БЛОК 1 од РЕК Битола од “повратен удар во трансформаторот”.
Тешката хаварија на Блок 3 во РЕК Битола ќе трае подолго, додека БЛОК 1 денес беше надвор од мрежа и секако “ПЛАНСКИ” како што сакаат преку соопштенија да се правдаат.
Какво е тоа планско работење со толку “падни/стани” БЛОК по БЛОК?
На средина од грејна сезона РЕК Битола е во опасност од слична хаварија на друг котел како и на БЛОК 3 поради лошиот квалитет на јагленот која го носат приватници.
Дали тука има бизнис “ТЕЖОК МИЛИОНИ” евра за увоз и ископ на јаглен веќе е прашање подолго време?
До кога ќе работите со два активни БЛОКА во РЕК оти со три на мрежа ве видовме?
Околу капитални вложувања ни кажуваа дека направија ремонти на турбините, дека сите блокови беа целосно ремонтирани и спремни за погон со полн капацитет.
Тоа се изјави на директорот на АД Електрани на Македонија Васко Ковачевски пред неполни четири месеци.
Ама, реалноста е друга, нема недела без испад на БЛОК во РЕК Битола!
Кој ќе понесе одгoворност за ова?
Дали одговорноста ќе ја понесе целокупното раководство на чело со Васко Ковачевски, кои се фалеа дека се “Шампионите во енергетиката” или некој друг од енергетскиот тим?
На крајот секогаш едно е јасно кој ќе плати, а тоа е народот кој ве трпи веќе 6 години.
Времето ви помина, одете си, порача Милевски.









