👁️  250

Елитниот шпански медиум „Марка“ го препозна одличниот настап на Столе Димитриевски против Валенсија и го смести во идеалниот тим на колото од петтата рунда на Примера.

Македонскиот чувар на мрежата повторно беше меѓу најдобрите поединци во дресот на Рајо Ваљекано и благодарение на неколкуте успешни интервенции влезе во одбраното друштво на најдобри на колото. Малиот клуб од Мадрид на тој натпревар славеше минимална победа од 2-1.

Покрај него во тимот на колото во Примера се најдоа уште Анхел, Араухо, Иско, Валверде, Родриго… Димитриевски повторно се најде во списокот на македонскиот селектор Благоја Милевски за последните натпревари од третата сезона во Лигата на нации.