👁️  1034

Една од гостинките во емисија „Нешто конкретно“, Марија Пијанманов Плевнеш, на социјалната мрежа „Инстаграм“, откако беше објавена епизодата, „распали“ по камерманите на ТВ Телма. 

Имено, Пијанманов Плевнеш не е задоволна од снимените кадри и прикажаните агли од камерманите и продукцијата на ТВ Телма. Таа вели дека појава како нејзе требало да се уснима профи, а не како што тие ја прикажале, во презумирано издание и дуплирана во рацете.

„Забелешка за шминката и тие што ме стилизираа, лошо сенчање предизвика нерамности на лицето и искривени линии. И за камерманите на ТВ Телма од продукцијата, кои ме презумираа и ме дуплираа во рацете, обликот на лицето, вратот, тенот на лицето и бојата на косата. Кога некој се стилизира како мене со појава треба тоа да се уснима профи, а не да се прикрие преку лоши кадри, бои и сенки, лош агол, лоша камера и нереално прикажан аутфит и стил. Забелешка до продукцијата“, напиша Марија во Инстаграм опцијата „Приказна“.

Во продолжение погледнете ја и целата епизода каде гостува Марија во „Нешто конкретно“.