👁️  3988

Руското Министерство за одбрана во неолку наврати објавуваше податоци за македонски државјани кои се борат на страната на Украина во конфликтот, исто така се објавуваше број на убиени наши државјани.

МНР пак демантираше дека има информации за македонски државјани на фронтот во Украина, но Фејсбук страницата “Македонско-бугарски странски баталјон Тодор Александров во Украина” објавува дека наши државјани се борат таму, а одат и чекор подалеку, односно повикуваат Македонци да им се придружат во борбата.

“Македонско-бугарскиот странски баталјон „Тодор Александров“ започна со организирање и запишување волонтери подготвени да се борат за светски мир и слобода против руската агресија врз братскиот народ на Украина! Контактирајте не за повеќе информации за тоа како можете да се вклучите!”, напишаа тие на Фејсбук.

Кривичниот зконик на Република Македонија во членот 322-а насловен како “Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации”, предвидува казна затвор од најмалку 5 години за оној кој што регрутира, организира, подготвува група за учество во странска војска (став 1).

Државјаните на Македонија кои спротивно на Закон ќе се обучуваат и очествуваат во странска војска, воена, полициска или параполициска формација ќе се казнат со затвор од најмалку 4 години (став 3)

Законот предвидува и казна за оние кои преку социјалните мрежи ќе врбуваат и повикуваат на учество во странска војска, што значи дека на админстраторите на оваа страна согласно ставот 4 од овој член им следува казна затвор од најмалку 4 години.Кривичниот Законик предвидува и дека обидот за сторување на ова кривично дело е казнив.

Останува да видиме дали МВР, Обвинителството и останатите надлежни органи ќе реагираат на ваквиот повик од страна на овој таканаречен баталјон.