👁️  1041

Последниве години, во недостиг на нашето познато тетовско гравче, кое сè поретко го има по нивите и на зелените пазари, граѓаните се принудени да купуваат грав од секаде. Во маркетите низ градот може да се најде грав од Киргистан, Казахстан, Пакистан, а верувале или не, стигна и грав од Етиопија!

Во маркетите сè поретко може да се најде тетовски грав, но затоа го има од секаде, па дури и од Етиопија каде што луѓето умираат од глад. Последниве години во недостиг на нашето познато тетовско гравче, кое сè поретко го има по нивите и на зелените пазари, граѓаните се принудени да купуваат грав од секаде. Во маркетите низ градот може да се најде грав од Етиопија, Киргистан, Казахстан, Пакистан… кој е поевтин, но далеку понеквалитетен од тетовскиот, пренесува Вечер.

Гравот „тетовец“ ретко може да се најде во скопски маркети и на пазарите, единствено може да се набави од познати кои се по потекло од овој крај и кои сè уште садат грав.

На зелените пазари на прсти се бројат оние кој продаваат тетовски грав, а неговата цена достигнува и до 350 денари за килограм.

Купувачите велат дека во последно време гравот што се продава на пазарите и во маркетите е од секаде, само не тетовски. Во маркетите може да се најде грав по потекло од Киргистан, Казахстан, Кина, па, за верувале или не – дури и од Етиопија! Ток е трипати поевтин од тетовскиот кој чини 64 денари за половина килограм. Една купувачка на пазар носталгично објаснува дека гравот „тетовец“ бил препознатлив, бидејќи многу брзо се варел, а зрното останувало цело.