👁️  194

Несреќа се случи утринава на скопскиот плоштад кога товарно возило неовластено се движело по плоштадот Македонија.

Возилото пропадна во фонтата во центарот на градот бидејќи истата не е наменета да издржи толкав товар.

Од Град Скопје експресно реагираа потенцирајќи дека го осудуваат овој чин и ќе ги превземат сите законски мерки за приватното лице да го обештети градот.

Приватен субјект со возило камион без дозвола неовластено влегол на плоштадот Македонија, по што е причинета штета на плочникот. Градот Скопје остро го осудува овој чин, ќе ги преземе сите законски мерки за извршување на инспекциски надзор како и за санкционирање, по што за причинетата штета врз јавните добра на плоштадот ќе се бара надомест на штета. Ваквото однесување од страна на поединци е недозволиво и за истото ќе се спроведат најстроги санкции, се вели во реакцијата од Град Скопје.