👁️  670

Јапонија го заврши своето натпреварување на Светското првенство во Катар по поразот од Хрватска, а светот зборува за нивните почит и култура.

Селекторот на јапонската репрезентацаија Хаџиме Моријасу по денешниот натпревар им се поклони на навивачи на тој начин заблагодарувајќи им се за поддршката.

Инаку, навивачите на Јапонија го воодушевија светот со својата култура кога по секое нивно присуство на стадионите го собираа ѓубрето. Таква култура покажаа и членовите на националниот состав на Јапонија кои соблекувалната ја оставаа зад себе беспрекорно чиста.