👁️  26

Голем пожар попладнево изби во Соње, општина Сопиште кој брзо се проширил.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вели дека опожарена била ниска вегетација и суви смреки кои предизвикале густ чад кој се гледал и од Скопје.

-Ангажирани беа три Ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување кои помогнаа во совладување на овој голем пожар кој загрози повеќе викендички и куќи во околината. На некои места пожарот беше сопрен во близина на неколку викендици, изгоре само една помошна просторија, вели Ангелов.

Повикани се и два хеликоптери на МВР кои ќе полетаат доколку има потреба.