ФОТО: Еве како денес изгледа бебето родено под урнатините на силниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија

Бебето кое се роди под урнатините на зградата по земјотресот што ја погоди Сирија сега има шест месеци и расте во семејството на неговите посвоени родители во Џиндерис, Сирија.

Бебето се уште било поврзано за мајка си со папочната врвца кога спасувачите го извлекле од урнатините, 10 часа по земјотресот чиј епицентар беше во Турција.

Во земјотресот загина целото семејство, а телата беа пронајдени на излезот од зградата, која се урна. Се претпоставува дека мајката го родила бебето под урнатините, а потоа починала.