👁️  3008

Билјана Дебарлиева денес на социјалните мрежи објави дека по 11 години, веќе нема да биде дел од Канал 5 телевизија. На Фејсбук, таа се сликаше со своите колешки, Татјана Стојановска, Даниела Богоевска и Славица Дулјанова, кои ѝ посакаа среќа во новите предизвици.

Билјана за Женски магазин вели дека не ѝ било воопшто лесно да се поздрави со колегите со кои се дружела секој ден, и додаде дека допрва ќе раскаже на која ТВ фреквенција ќе продолжи.

-Почнав со вести, точно во септември во 2011 години, и ете, завршив со вести. Не ми беше воопшто лесно, емоциите ме надвладеаја, не се малку 11 години“, ни изјави презентерката и новинар.

Билјана се потсети кои се’ емисии ги водела на Канал 5.

-Читав вести, бев еден период во Утринската програма, речиси 8 години ја водев емисијата за здравство „Визита“, ни раскажа Билјана која и претходно водеше семеjни емисии и Утринска програма на А1 телевизија, а почна во Македонската радио телевизија.