👁️  2266

Иако календарски од летото остана уште малку, надвор веќе како да е длабока есен, а времето и температурните разлики не тераат брзо да го испратиме летото.

Сепак, фолк пејачката Сања Барби не сака така лесно да се збогува, па замина на море. Иако и таму не беше времето за сончање, Барби се облече во црн комбинезон наместо во бикини и реши да им се предаде на морските вибрации.

Неизбежни беа фотографиите на плажа, а од позите кои избра да ги објави на својот Инстаграм пофил, предизвика низа од коментари испратени од припадниците на посилниот пол.

„Опасна“, „Оган“, „Не влегувај, ќе настинеш“, гласеа само дел од реакциите…

Бујните гради Барби ги истакна во преден план, а не случајно зазеде пози од кои би можела дополнително да ја истакне раскошната предница.

Црната можеби и не е некоја боја за на море, но во случајот совршено и стои во оваа прилика на Барби.