👁️  1426

Територијата на општина Кавадарци во попладневните часови била зафатена со силен дожд од околу 40 литри на метар квадратен, а планинскиот дел на општина Кавадарци бил зафатен со град и дожд, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), додавајќи дека досега биле поплавени три објекти.

„До овој момент пријавени се три поплавени објекти (приземни простории и подруми), а интервенираат ЈКП Комуналец од Кавадарци и ТППЕ Кавадарци со вкупно 30 луѓе“, додаваат од ЦУК.

Од Територијалната противпожарна единица пак, во изјава за МИА, истакнале дека повеќе пожарникари вечерва испумпуваат вода од неколку критични места во градот, како резултат на поројните дождови.

– По интензивниот ветер и пороен дожд кои вечерва ги зафати Кавадарци и околните места, на терен веќе неколку часа интервенираат службите од Мој Општинар,ТППЕ Кавадарци и ЈП Комуналец. Се работи на интервенција и санирање на одводи, подрумски простории и наноси од големото количество на дожд. Граѓаните кои имаат било каква потреба од интервенција, можат да се јават во Кол центарот на Општина Кавадарци на бројот 13-300, соопшти градоначалникот Митко Јанчев на социјалните мрежи, јаде објави и снимки од штетите по обилниот дожд.