👁️  1027

26 години постоење општина Могила. По тој повод беа одржани неколку свечености:

– Свечена седница на Советот на Општина Могила.

– Заедно со Советот и општинската администрација положивме свежо цвеќе на спомен бистите на значајни личности од историјата на Могила како што се Димче Могилчето, Цветков Парашкев, Захарија Василева Шумљанска и Иљо Лопатички.

– Главната свеченост започна со интонирање на химната на Република Македонија, рецитал изведен од учениците од трите основни училишта, а потоа членовите на играорните групи ја збогатија програмата со изведба на македонски ора и песни.

Советниците доделеја благодарници на истакнати личности и фирми кои изминатава година се истакнаа во своето работење и дадоа голем придонес за напредокот на Општина Могила во повеќе сегменти. Наградата 12-ти септември беше доделена за изработката на идејното решение за грбот на Општина Могила.

Во 1997 година, Мишко Саботковски ги изработил идејните решенија, посебно за грб и посебно за знаме без никаков надомест. Денес грбот на Општина Могила како симбол на општината е нашироко прифатен, посебно кај нашите иселеници.

Претседателката на Совет Маргарита Груевска додели благодарници за освоени награди и признанија, за учеството на многубројни училишни натпревари и постигнатиот одличен успех, на најдобрите ученици во генерација.

Сакам на сите да ви се заблагодарам за соработката, поддршката и придонесот кон општина Могила.

Градиме чекор по чекор, работиме транспарентно и одговорно, а наша единствена цел е целокупен развој на општина Могила и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места. Твориме заеднички и секојдневно придонесуваме општина Могила да ја направиме подобро место за живеење на сите жители. Во оштина Могила живеат луѓе кои си го почитуваат својот идентитет, јазик, култура и историја, и така горди со своето минато со сите сили ќе настојуваме да го сочуваме и да го пренесеме аманетот на идните генерации.

Нека ни е честит и за многу години 12-ти септември празникот на Општина Могила. Да живее Општина Могила! Да славиме уште многу години, стои во честитката на градоначалникот Драганчо Саботковски.