👁️  33

Екипата на Ферари се претстави во одлично светло на денешните квалификации во Монца каде Карлос Саинц и Шарл Леклер обезбедија добри позиции пред утрешната трка за Големата награда на Италија.

Голем број на навивачи на италијанскиот клуб беа присутни на трибините, крај патеката, па првото место на Саинц им донесе огромено задоволство и среќа.

Шпанскиот возач беше најбрз, имаше време од 1 минута, 20 секунди и 294 стотинки со што го остави зад себе актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман Макс Ферстапен.

Третата позиција беше резервирана за Леклер, поточно друштво во вториот ред ќе му прави Расел од Мерцедес.