👁️  12

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го осуди „неприфатливото насилство на екстремистите на Западниот брег“ и ја повтори поддршката на ЕУ за решавање на блискоисточниот конфликт преку создавање две држави – израелска и палестинска, јави ДПА.

„Се согласуваме дека циклусот на насилство мора да се прекине. Решението со две држави е единствениот начин да се постигне мир“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс, порано Твитер.

Претходно таа се сретна со јорданскиот крал Абдула Втори и рече дека ЕУ ќе соработува со Јордан за зголемување на хуманитарната помош што стигнува до Појасот Газа.

„Ќе соработуваме со Јордан за да ја обезбедиме многу потребната хуманитарна помош за Газа“, рече Фон дер Лејен.