👁️  5

Португалскиот фудбалски тренер, Фернандо Сантош брзо доби отказ од позицијата селектор на Полска, поради лошите резултат следуваше очекувана разделба.

Фернандо Сантош кој во 2016 со Португалија стана Европски шампион, во Полска пристигна за подобри резултати на оваа селекција, но наместо тоа големи се шансите тие и да не се пласираат на Европското првенство. Од пет меча имаат три порази и два од нив се од Албанија и Молдавија.

„Сакам да му се заблагодарам на селекторот Сантош за работата во репрезентацијата и му посакувам многу среќа во следните предизвици. Избор за нов селектор сега е приоритет на Извршниот комитет, па наскоро ќе обзнаниме кога ќе биде тоа“, рече Цезари Кулеша, првиот човек на полската федерација.

Сантош се заблагодари за можноста да биде селектор на Полска и посака добра иднина на оваа репрезентација.

„Иако ја прекинуваме соработката, благодарен сум што ја водев националната селекција на Полска. Ѝ посакувам сѐ најдобро на Полска и на нејзиниот народ, кои преубаво ме дочекаа додека живеев тука“, рече Сантош.