👁️  1300

Топилницата за никел од Кавадарци, ФЕНИ која сега го носи името ЕУРОНИКЕЛ од утре ќе ги изгасне печките и ќе го прекине производството.

-Денеска во 10 часот се одржа состанок на менаџерскиот тим, на кој се донесе одлука електро печката за производство на никел која од први јуни е на одржување, да се изгасне најдоцна до утре од 14:00 часот. Вработените да бидат испуштени на 70% плата, а подоцна да одат во технолошки вишок,  вели нашиот извор.

Ваквата ситуација со ЕуроНикел, до овој момент ја прави оваа компанија најголема која е жртва на енергетската криза.

Слична информација на денешниот брифинг со новинарите сподели и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.