👁️  2119

Фармацевтски техничар или PTA Pharmazeutische technische assiestent познато во Германија можете да работите секако доколку направите признавање на диплома односно Аnnerkenung.

За да направите признавање на вашата диплома потребно е најпрво да положите Б2 германски јазик. Освен Б2 германски јазик за да можете да работите во Германија како PTA потребно е да имате искуство во изработување на масти, креми, пасти, испитување на супстанции и друго, односно искуство за работа во Лабараторија.

Пред да започнете процес на признавање потребно е да приготвите целосна документација која опфаќа:

  • Диплома, додаток на диплома,
  • Положени предмети,
  • Сведителства,
  • Работно искуство во часови ,
  • Пракса која што сте ја направиле во часови,
  • Обуки во одделот фармација, и сл.

Официјалните документи мора да бидат заверени на нотар, додека документите како диплома и слично апостил и потоа превод од овластен преведувач. После испраќање на документите во одговорната институција во Германија добивате одговор Defizitbescheid со кој ќе биде одредено или да полагате испит на знаење Kenntnisprüfung или да правите платена пракса одредено време или добивате директно признавање на дипломата добро познато директно Urkunde.

Платата во Германија на фармацевтски техничар зависно од искуството се движи од 2400-3500€ Бруто, се зависи од вашето искуство и секако германскиот јазик.

За повеќе информации ви стојат следните фејсбук групи на располагање кој може да ги погледнете на следните линкови –ТУКА и –ТУКА.