👁️  5

Андре Онана беше еден од хероите на Манчестер Јунајтед во победата над ФК Копенхаген во Лигата на шампионите, победа која ја обезбеди, потврди со одбранет пенал во судиското продолжение.

Овој триумф премногу им значеше на „црвените ѓаволи“, па младиот Алехандро Гарначо во обид да го истакне херојството на Камерунецот објави поста на социјалните мрежи со две горили, а со тоа си направи проблеми иако за кратко време истиот го избриша.

ФА отвори истрага за ова, поточно е отворена истрага за расизам и лесно може да се случи тој да биде санкциониран. По ова се огласи Онана кој кој застана во одбрана на својот помлад колега.

–Луѓето не можат да избираат од што јас треба да бидам навреден. Знам точно што мислеше Гарначо – моќ и сила. Оваа работа не смее да оди подалеку-порача голманот.