Дефект во трафостаницата „Битола 3” , синоќа и денеска предизвика дел од битолското градско подрачје, како и населените места Долно Оризари и Карамани да останат без електрична енергија.

Од ЕВН Македонија за МИА информираат дека екипите веднаш излегле на терен, но дека дефектот е комплексен.

– Снабдувањето со електрична енергија се нормализираше уште вчера, а дел од корисниците, за жал, се уште се соочуваат со прекин во снабдувањето бидејќи дефектот е многу комплексен. Екипите се уште работат на санација на овој дефект од посериозни размери, соопшти Вјоса Селими, портпарол на ЕВН Македонија.