👁️  54

Македонскиот машки ракометен шампион Еурофарм Пелистер почна со продажбата на сезонски билети, а битолскиот клуб е задоволен откако за неколку часа продадени се неколку стотици билети.

– Како до сезонски билет ?

 На порталот ќе може преку реализација на електронска трансакција директно да го купите Вашиот сезонски билет или

 Преку апликацијата „Сезонска карта со Шпаркасе банка“ да го резервирате Вашиот билет за период од 48 часа

• Шпаркасе Банка како наш верен подржувач и спонзор оваа година ќе даде и поддршка во купувањето на сезонските билети, односно ќе овозможи сумата од 6500 и 5500 денари да се плаќа на најмногу 9 еднакви месечни рати без камата преку активирање на траен налог. За таа цел:

– После резервацијата на Вашиот билет (дефинирани ред и седиште) на е-порталот на РК Еурофарм Пелистер за купување билети, во наредните 48 часа ќе треба да отидете во експозитура на Шпаркасе Банка каде ќе треба да отворите сметка (доколку не поседувате активна во банката) и траен налог на најмногу 9 месеци. После завршување на оваа процедура од страна на банката ќе добиете примерок од договор за активиран траен налог и со истиот потоа ќе може да ја подигнете Вашата сезонска карта од клубот. Еден корисник на сметка во Шпаркасе банка може да купи најмногу две сезонски карти.

– Во случај еден клиент да нема уплата од два последователни месеци од трансакциската сметка, билетот ќе се деактивира.

Цена на поединечните билети за натпреварувачката 2023/24 година за натпреварите во Лига на Шампиони ќе изнесува:

– 550 денари (Централни позиции јужна и северна трибина)
– 450 денари (Странични позиции јужна и северна трибина)

Цена на поединечните билети за натпреварувачката 2023/24 година за натпреварите во домашното првенство ќе изнесуваат:

– Од 120 до 250 денари (Централни позиции јужна и северна трибина)
– Од 100 до 180 денари (Странични позиции јужна и северна трибина)

– Активирање на продажба на сезонски билети (продажбата ќе трае до 9.9.2023 до 23:59 часот)