Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележаа првата победа во новата сезона во Суперлигата.

Бранителот на титулата лесно се справи со дебитантот во ова натпреварување Мулти Есенс кој го реши со 40-22. Голема е разликата во квалитет, искуство и тоа беше потврдено на теренот каде домашниот тим двете полувремиња интересно ги доби со идентичен резултат 20-11.

Најефикасен беше Костески со 9 голови, додека Узунчев со 5 ја предводеше листата на стрелци ја поразените.