👁️  131

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер имаше нависитна тешка задача ан стартот на најстариот турнир на Балканот и за противник го имаа египетскиот шампион, кој покажа дека во моментов е за неколку класи посилен тим.

Ал Ахли триумфираше со 34:23 и резултатот најдобро ја отсликува разликата која ја имаа тимовите во двата правци, бидејќи египетскиот тим ретко грешеше и ги користеше своите шанси, а македонскиот претставник правеше многу технички грешки.

За Пелистер следат уште два натпревари во групната фаза, првиот е оној против Слобода, а потоа и мечот со Монпелје.