Кошаркарите на Еуро Никел со голема победа се враќаат од гостувањето во Гостивар, откако на домашниот состав му нанесоа тежок пораз од 67-106, во дуелот од третото коло.

По големата победа во првото коло над Пелистер, гостиварчани очекуваа нова одлична претстава на своите миленици во својот дом. Но, Гостивар беше рамноправен на паркетот само во првите десет минути во кои играше рамо до рамо со гостинот од Кавадарци, но потоа следуваше голем пад.