👁️  5

Етиопјанецот Тамират Тола победи на маратонот во Њујорк, соборувајќи го рекордот стар 12 години. Светскиот шампион од 2022 година победи со време од два часа, четири минути и 58 секунди, додека Кениецот Алберт Корир заврши втор, а неговиот сонародник Шура Китата како трет.

Џефри Мутаи од Кенија претходно го држеше рекордот на патеката со време од два часа, пет минути и шест секунди.

Во женската трка, Кенијката Хелен Обири победи пред Етиопјанката Летесенбет Гидеи. Таа ја заврши трката за време од 2:27.23, односно шест секунди пред Гидиј. Шерон Локеди заврши на третото место.