👁️  19

Естонија ќе испрати до 20 припадници на гранични патроли во Летонија за да му помогне на својот балтички сосед да ја заштити и провери нејзината граница со Белорусија, изјави естонскиот министер за внатрешни работи Лаури Ланеметс.

Како што пренесе ДПА, според него, полицајците треба да им помагаат на своите летонски колеги во патроли и масовни контроли онолку долго колку што е потребно.

Летонија неодамна регистрираше значително зголемување на бројот на мигранти кои се обидуваат без дозвола да ја преминат границата со Белорусија.

– Белорусија ги тестира можностите на своите соседни земји, тоа се исто така хибридни напади, рече Ланеметс.

Летонија, заедно со Полска и Литванија, го обвинува белорускиот лидер Александар Лукашенко дека на организиран начин носи мигранти на надворешната граница на ЕУ за да изврши политички притисок.

Затоа, сите земји веќе ја зајакнаа заштитата на границата. Литванија веќе испрати до 20 граничари за поддршка на Летонија.

Поради тоа, сите земји веќе ја зајакнаа заштитата на границата. Литванија веќе испрати 20 граничари за поддршка на Летонија.

Летонија, Литванија, Естонија и Полска се членки и на Европската унија и на НАТО.

Хибридните закани значат дека напаѓачите се потпираат на комбинација од класични воени операции, економски притисок, хакерски напади, па дури и пропаганда во медиумите и социјалните мрежи.