Напаѓачот на Манчестер Сити Ерлинг Халанд против Фулам постигна хет-трик и со тоа урна уште еден рекорд во ПЛ.

Имено Норважанецот стана фудбалер на кого му биле потребни најмалку мечеви да дојде до 50 голови и асистенции. На Халанд му беа потребни само 39 мечеви, а во нив постигна 41 гол и 9 асистенции.