Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд стана најдобар стрелец на Манчестер Сити во една сезона, а до крајот на оваа сезона ќе го напаѓа и врвот на најдобар стрелец во една сезона во историјата на Премиер лигата.
Норвежанецот погоди против Борнмут и така дојде до бројката од 27 гола, со што го урна рекордот на Серхио Агуеро во дресот на „Граѓаните“ кој во сезоната 2014/15 постигна вкупно 26 погодока.
Следна цел на Халанд е апсолутниот англиски врв. Таму се наоѓа легендата на англискиот фудбал Алан Ширер кој во дресот на Њукасл Јунајтед има постигнато 34 гола во една сезона во Премиер лигата.