Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција бара итна деескалација на тензиите меѓу Пакистан и Индија пред тие да прераснат во посериозна ситуација.
„Во секоја прилика нагласуваме дека Турција не сака нови конфликти не само во нашиот регион, туку и во целиот свет“, рече Ердоган.