👁️  131

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги обвини западните сили дека ги поддржуваат, како што рече, израелските планови за напад на Либан и „ширење војна“ низ целиот регион.

– Израел сега го насочува својот нишан кон Либан и гледаме дека западните сили зад сцената го тапкаат Израел по грбот, па дури и го поддржуваат“, им рече тој на пратениците од неговата владејачка партија АКП.

– Плановите на Нетанјаху да ја прошири војната во регионот ќе доведат до голема катастрофа, нагласи Ердоган.