👁️  250

Фарските Острови, дебитантот на Европското првенство (ЕП) во ракомет, беше многу блиску до првата сензација на шампионатот. Словенија која важеше за фаворит, триумфира со 32:29 (13:13), но до победата дојде многу потешко од очекувањата.

Најефикасен кај Фареските Острови беше најдобриот, Елиас Елефсен со девет гола.

Фарските Острови дадоа голем отпор и ги освоија срцата на ракометната публика ширум светот. Тие имаа неверојатна поддршка од трибините во арената „Мерцедес бенц“ во Берлин во која половината од 11.625-те гледачи беа од Фарските Острови!

Во арената во Берлин имаше речиси 10 проценти од вкупното население на Фарските Острови (52.000 жители!) лоцирани меѓу Шкотска и Исланд, кои дојдоа во Германија за да им дадат поддршка на своите ракометари.

Во последните години ракометот доживеа голема експанзија на Фарските Острови. Повеќето ракометари играат во силни европски лиги, а јуниорите изборија пласман во четвртфиналето на ЕП.