👁️  33

Еден од оние кои најдобри ги познаваат италијанските репрезентативци е Елиф Елмас. Асот на Наполи  на средбата со „седмата сила“ го најави дуелот против фаворитот.

„Очекувам доста промени под водство на Спалети. Го познавам доста добро. Очекувам висок пресинг и офанзива со посед на топка. Тој бара 90 минутен пресинг. Не знам колку ќе успее да го наметне своето за овој краток рок како селектор, па ќе видиме како ќе изгледаат. Ние ќе излеземе на терен да го одиграме планираното. Италија ќе истрча за победа, но колку ќе дозволиме да игра зависи од нас“.

Ние соиграчите некогаш се „пецкаме“, ама се респектираме. Чест и задоволство е да играме против себе за националните тимови. По освоеното скудето и убавите моменти со Спалети, среќен сум што пак ќе се видиме. Додека почне натпреварот сме пријатели, потоа секој на својата страна и за својата држава“, изјави Елмас.