👁️  5

Најмалку 15 лица се повредени во експлозија во рускиот град Таганрог, изјави Василиј Голубев, регионален гувернер на Ростовската област, каде се наоѓа градот со 250.000 жители, пренесоа светските агенции.

Гувернерот изјави дека најверојатно ракета експлодирала во центарот на градот. Тој појасни дека во експлозијата повредените се здобиле со повреди од скршено стакло.

Регионалниот гувернер рече дека експлозијата се случила во близина на кафуле.

За случајот е започната истрага. (МИА)