👁️  7355

Со нас денес е битолчанецот Александар Петковски државен шампион и репрезентативец на Македонија, балкански првак во Комбат Самбо во Црна Гора, прво место во Нага во Њу Џерси, трето место во Џудо во Грција, успесите се бројни.

АНАЛИТИКУМ: Какво е чуството за вас да се бранат државните бои и да се претставува Македонија во светот?

Чувството да се бранат боите на Македонија е неопишливо. а пособено кога ке ја интонираат химната на некој од светските пиедестали, би сакал секој спортист барем еднаш да го осети тоа чувство.

АНАЛИТИКУМ: Како изгледа еден ваш вообичаен ден и колку време издвојувате за тренинг?

Можам да кажам дека мојот ден е целосно исполнет, станувам рано и денот ми започнува со пешачење, потоа доручкувам и почнувам со работа, можам да кажам дека скоро цел ден ми е исполнет со работа, и како шлаг на тортата доаѓа тренингот, секој ден освен недела, околу два часа тренинг.

АНАЛИТИКУМ: Работите и како тренер дали претставува задоволство за вас тоа што можете на младите генерации да им го пренесете вашето знаење?

За мене е големо задоволство и чест да го предадам моето знаење на младите генерации и секој пат се трудам несебично да им ги предадам моите искуства.

АНАЛИТИКУМ: Дали младите доволно се заинтересирани за боречки спортови?

Заинтересираност кон боречките спортови има, ама е релативно мала, за разлика од соседните држави ете за пример ќе ви ја дадам Бугарија бидејќи живеев и тренирав таму, нивото и заинтересираноста е многу повисоко.

АНАЛИТИКУМ: Дали може да издвоите талентирани деца кои достојно ќе ве заменат и ќе бидат идни репрезентативци и прваци?

Во нашиот клуб има многу талентирани дечки кои што постојано ни носат успеси од различни боречки спортови, дури и од најмладите возрасти и токму нив би ги издвоил Петар Петров, Дамјан Петкоски, Софија Најдановска тие се неколкукратни државни и балкански медалисти по џудо.

АНАЛИТИКУМ: Дали приватните компании имат слух и сенс да поддржат успешни спортисти и клубови како вашиот?

Па гледајќи ја ситуацијата во ова кризно време, приватните компании не се многу заинтересирани за помош на спортските клубови.

АНАЛИТИКУМ: Дали има пристојни услови за работа?

Па во Македонија видете условите не се најсјајни бидејќи немаат голема помош спортистите, речиси никаква и сите услови се обезбедени од сопствени средства, и за да се популизира треба да се организираат натпревари, а без финансиска помош нема организација за жал.

АНАЛИТИКУМ: Дали федерацијата вложува доволно?

Видете ние членуваме во повеќе федерации, ете да ги издвојам Самби и Џудо федерациите, а вооедно сум и тренер на Самбо репрезентацијата на Македонија, самите федерации имаат потешкотии за помош кон клубовите и натпреварувачите, бидејќи и нивните средства што ги добиваат се симболични.

АНАЛИТИКУМ: Што би промениле во нашето опшество и кај луѓето?

Во нашето општество би променил многу работи бидејќи како што гледаме не функционира баш најдобро, а прво би издвојил повеќе спорт и едукација кај младите, за градење на една здрава младина затоа што спортот е база за голема дисциплина во сите области на животот, т.е изградба на спортски и едукативни објекти, бидејки спортистите и децата инволвирани во науката се наши најголеми амбасадори.

АНАЛИТИКУМ: Каде може да ве контактираат луѓето и како може да се зачленат во вашиот клуб?

Па можат да ме контактираат на мојот профил Aleks Aki Petkovski или да дојдат во просториите на нашиот клуб кој што се наоѓа во ОУ Даме Груев.

АНАЛИТИКУМ: Што ќе им порачате на нашите читатели?

Им порачувам на сите читатели барем еден час во денот да одвојат за било каков спорт, затоа што тоа е најдобриот начин за ослободување од стрес и надополнување со позитивна енергија.