👁️  180

Европската комисија денеска соопшти дека извршила ненајавена инспекција во просториите на компанија за производство на медицински помагала за лица со кардиоваскуларни заболувања.

Инспекцијата е иницирана поради загриженоста на Еврокомиисјата дека компанијата можеби ги прекршила антимонополските правила на ЕУ кои забрануваат злоупотреба на доминантна позиција на пазарот.

Службеници на Комисијата при инспекцијата биле придружувани од нивни колеги од органите за контрола на конкурентоста на земјата членка на ЕУ во која се наоѓа седиштето на комапнијата.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, ненајавените инспекции се прелиминарен истражен чекор што го презема Европската комисија за сомнителни антиконкурентни практики. Фактот што Комисијата врши инспекција не значи дека компанијата која е предмет на истрагата ги прекршила антимонополските правила, ниту пак го прејудицира исходот од самата истражна постапка.

Со регулативата на ЕУ не е предвиден законски рок за комплетирање на истрагите за монополско однесување и нивното времетраење зависи од повеќе фактори, вклучувајќи ја сложеноста на случајот, степенот до кој засегнатите компании соработуваат со Комисијата и остварувањето на нивните права на одбрана.

Во соопштението на ЕК не е посочено името на компанијата, ниту земјата од која таа потекнува.