Екипата на Пари Сен Жермен го доживеа првиот пораз сезонава во Лигата на шампионите. Францускиот првак падна на гостински терен кај Кјелце (29-30) и така двете екипи се изедначија според скорот по три одиграни кола во елитата.
Сичко беше најдобар кај Киелце со осум гола, пред Карачиќ со шест реализации, исто толку гола даде и Морито, додека кај ПСЖ, Шипжак имаше седум, а Пранди и Нтанзи стрелаа по пет пати во противничката мрежа.
Во Сегедин секогаш е тешко да се победи, а тоа го докажа ПИК Сегед во дуелот со дански Алборг кого го совлада со 34-27.
Шоштариќ заврши со девет гола кај победникот, а Мачковшек и Гарсиандиа имаа по четири, додека кај данскиот тим Микел Хансен погоди шест пати.
Во групата Б, екипата на Магдебург ја оправда фаворитската улога и слави дома против Целје со 39-23.