👁️  12

Долгогодишниот ракометен функционер Драган Начевски доби суспензија од Европската куќа на ракометот (ЕХФ) поради приказната која ја објави данска „ТВ2“, за наводно, местење на натпревари.

ЕХФ објави конечна одлука и соопшти дека Драган Начевски е суспендиран од ракометот на две години. Како причина се наведуваат прекршувањето на обврските, а тоа е дека Начевски иако ја одбил, ја премолчил непристојната понуда. На снимката на „ТВ2“, јасно се гледа и слуша дека Драган Начевски децидно одбива било какви нерегуларности.

Оваа ригорозна казна од ЕХФ е само затоа што Начевски во Виена не пријавил дека добил таква понуда, а истрагата за нерегуларности на ракометните натпревари се уште трае. Воедно, Драган Начевски ќе треба да плати и казна од 5.000 евра.