👁️  89

Еден затвореник е убиен, а двајца се ранети во напад со нож во затворот во округот Фултон во американската држава Џорџија, соопштија локалните власти, пренесува Си-Ен-Ен.

Станува збор за затворот во кој неодамна беше притворен поранешниот американски претседател Доналд Трамп под обвинение за наводни напори за поништување на резултатите од изборите во 2020 година. По апсењето, Трамп условите во затворот ги опиша како „лоши и срамни“.

– Кога ја видов состојбата во тој затвор, станав уште порешителен да се кандидирам за претседател и да ја спасам нашата земја од перманентен пад – рече Трамп.

Во јули оваа година, американското Министерство за правда покрена истрага за нехигиенските услови во затворот и насилството врз затворениците.