Помина месец и половина откако Мелина Галиќ екс сопругата на пејачот Харис Џиновиќ, се омажи за британскиот милијардер Џефри Пол Арнолд, а за нивната свадба сè уште се зборува.
Како што претходно објавија тамошните медиуми, дизајнерката сменила четири венчаници, а на папарацо фотографиите можевме да видиме, барем од далеку, како изгледаше Мелина на нејзиниот голем ден.
Да потсетиме дека Мелина прво го кажа своето судбоносно „да“ во Монако, а потоа прославата продолжи во Италија. Иако деталите од раскошната прослава сè уште се чуваат во тајност, сега, благодарение на шминкерката која беше задолжена за изгледот на дизајнерката, познато е и како изгледаше нејзината прва венчаница – онаа во која официјално стана „госпоѓа Арнолд“.
View this post on Instagram
Станува збор за тесен сатенски фустан со отворен грб и интересен дизајн, а Мелина носеше едноставни, но ефективни дијамантски обетки и висока опашка собрана во пунџа.
Познато е дека Мелина се стреми кон елегантни комбинации, па затоа не е изненадувачки што избра безвременски креации за својот голем ден.








