👁️  159

Постојат знаци врз основа на кои може да се претпостави дека сте изложени на ризик од срцев удар. Некои од нив може да се воочат дури и неколку недели однапред.

Најтипични се притисокот во градите, болката, стегањето, но и болката во пределот на желудникот, што може да го доведе во заблуда пациентот кој обично мисли дека има дигестивни проблеми. Исто така, сите овие симптоми укажуваат на ангина пекторис, срцева болест која е поврзана со намален проток на крв во срцето и може да доведе до срцев удар.

Сепак, не сите пациенти се под еднаков ризик. Оние кои страдаат од стабилна ангина пекторис се во помала опасност, а се карактеризира со следните карактеристики. Се јавува во време кога срцето е изложено на поголем напор, на пример, човек се качува по скали или вежба, симптомите траат кратко – пет минути или уште помалку, болката и непријатноста се секогаш слични и лесно се предвидуваат, и побрзо исчезнуваат ако лицето мирува или зема лекови.

Нестабилна ангина пекторис е онаа во која симптомите се појавуваат ненадејно, дури и во мирување, и може да траат 30 минути или подолго. Тегобите не стивнуваат дури и кога пациентот ја зема терапијата, а потоа сосема е можно да следел инфаркт и тогаш е време веднаш да се контактира со лекар.