👁️  992

Познатиот српски астролог Душан Величковиќ (60) починал вчера, јавуваат српските медиуми.

Како што дознаваат српските медиуми, тој бил пронајден во несвест во базенот од друг корисник на велнес и спа центар во Белград. Веднаш ги алармирал вработените, па била повикана брза помош.

За жал, Величковиќ починал, а тоа го потврди и неговото семејство.

– Драги наши пријатели, со голема тага во срцето и душата ве известуваме дека нашиот сакан Душан не напушти и отиде во рајот меѓу своите ѕвезди. За местото и времето на погребот ќе ве информираме подоцна. Семејство Величковиќ, напишаа тие.

Душан беше еден од најпознатите астролози во Србија и често гостуваше во разни телевизиски емисии.