👁️  12

Ваков хаос никој не очекуваше Една снимка стана вирална. Причината? Малку „тверкање“ над главите на двајца полицајци. На видеото, снимено по натпревар на НЛФ тимот Канзас Сити Чифс во ноември минатата година, е документирана жестока улична тепачка. Не е познато кој ја иницирал истата, но јасно се гледа како двајца полицајци мака мачат со момче во хокеарски дрес.

Во еден момент некој се дере: „Каде е полицијата?“, а подоцна се појавува жена во минич и со кожна јакна која наеднаш почнува да врти со задникот пред полицајците.

Полицајците баш во тој момент успеваат да го совлада натрапникот, но вниманието им го одвлекува потегот на непознатата жена. Снимената содржина завршува така што жената вика над мажот со дресот: „Сите дојдовте поради мене!“.

„Како и многумина, го погледнав видеото со насилни поединци кои се тепаат со обезбедување. Нашите служби работат на случајот и сигурно дека оние кои го предизвикаа овој неред на нашите улици ќе бидат соочени со лицето на правдата“, порача градоначалникот Квинтан Лукас на својот твитер-профил.

Thoughts? 💭😂 pic.twitter.com/YZ5AxExUBH

— 𝙀𝙣𝙩𝙚𝙧𝙩𝙖𝙞𝙣𝙢𝙚𝙣𝙩 ✪ 500k?  (@NoPlugMedia) January 1, 2023